Конкурс {Заедно} до зелени идеи 2025
Објавени резултатите од конкурсот {ЗАЕДНО} до зелени идеи
Во продолжение може да се погледнат проектите што ја добија поддршката за реализација од dm дрогерие маркет.
Вардарски острови - нов дом за малата чигра
Еко Акција - „Преку заедништво до почиста природа“
21 септември, 2025 година, се реализираше еко-проектот „Преку заедништво до почиста природа”, кој е дел од избраните иницијативи на еко-конкурсот „Заедно за зелени идеи”. Овој проект е реализиран од здружението „За Почиста Македонија“, а неговото успешно спроведување е со поддршка на компанијата dm drogerie markt.
За време на еколошката акција се собраа повеќе од 420 литарски кеси ѓубре што е нов рекорд за собран смет во постоењето на За Почиста Македонија. Еко-акцијата се одржа во околината на Штип, во шумата близу црквата св. Недела, попозната кај штипјани како Мирјанина Црква. На акцијата присуствуваа преку 130 доброволци, некои од нив дојдени со организиран превоз од Скопје и од околните градови во Македонија. Сите учесници беа пречекани на стартниот пункт каде што им беа доделени ракавици, ќеси и маици, а достапни им беа и алати како гребла, фаќалки и лопати.